Мал Ајакс ќе игра дерби за опстанок против Балкан во Штип, Клими домаќин на Форца

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Мал Ајакс овој викенд ќе игра дерби за опстанок во Првата футсал лига на домашен терен во Штип против дебитантот Балкан, во меч од 11. коло.

Мал Ајакс со шест бодови е на дното од табелата во однос на Балкан кој го дели седмото место со Осогово со по девет бодови. Овој меч е од капиталната важност и за двете екипи кои водат битка за опстанок.

Шампионот Форца по поразот од лидерот Проект во првото пролетно коло, овој викенд ќе гостува кај Клими каде ќе бара враќање на победничките патеки, а домаќинот ќе се обида да дојде до бодови со цел да остане сигурен на средината од табелата.

Непоразениот лидер Проект на домашен терен ќе игра против Јувентус Серава, а ќе ја има и улогата на фаворит. Кеги Моби ќе гостува во Крива Паланка каде ќе игра против Осогово, кој во претходното коло направи голем „кикс“ губејќи од Шкупи, па влезе во комплицирана борба за опстанок.

Токму Шкупи мотивиран по триумфот над Осогово на домашен терен ќе го пречека составот на Бутел, кој ќе ја има улогата на фаворит.

Александар Ванев, М-Нет