
Мал Ајакс го претрпе првиот сезонски пораз во новата сезона на Втората футсал лига, откако на домашен терен во Штип беше во целост надигран од фаворитот Црна Река, наместо дерби тотална доминација на гостинот од Кавадарци кој беше подобар со 1:4.
Ова беше дерби на два поранешни прволигаши, а како подобар излез тимот на Црна Река, за два од два, откако во првото коло слободна беше екипата на Црна Река, а Мал Ајакс по двете победи над Овче Поле и Кратово го запиша првиот сезонски пораз.
Кратово доживеа тежок пораз на гостувањето кај ланскиот прволигаш Балкан во Скопје, со резултат од убедливи 11:3.
Дебитантска победа забележа Шутка 1 пред домашната публика со убедливи 14:1 го декласираше составот на Победа од Прилeп.
Поранешниот прволигаш Овче Поле од Свети Николе забележа нов висок пораз, губејќи со 4:0 на гостувањето кај Каршиака. Во рамките на третото коло слободна беше екипата на Фудбал Старс од Кочани.
По три кола Балкан и Каршиака имаат три од три и максимални девет бода, на третото место е Црна Река со две победи од толку меча и максимални шест бода, Мал Ајакс од три меча има шест бода за четврто место. Шутка 1 и Фудбал Старс имаат по три бода од два меча и го делат петтото место.
Следуваат Кратово како седми, Овче Поле како осми и Победа како деветта без бодови од по три одиграни натпревари.
Александар Ванев, М-Нет