
Екипата на Мал Ајакс од Штип генерација 2011 г. се престави во одлично светло на Меѓународниот турнир „Фер Плеј“ кој веќе со години традиционално се одржува во Охрид. Со учество на екипи од Македонија, Албанија Косово и Србија младите штипјани предводени од тренерите Влатко Манев и Мијалче Маџаров остварија 5 победи и одиграа еден нерешен натпревар. Во првиот дел од групната фаза се постигнаа следните резултати :
- Мал Ајакс – Приштина 5:3
- Мал Ајакс – Академија Пандев ( Струмица ) 4:3
- Мал Ајакс – Еден на еден ( Прилеп) 5:0
Четврт финале : Мал Ајакс – Талент (Битола) 4:1
Полуфинале : Мал Ајакс – Постолов Пандев (Штип) во регуларниот дел 1:1 на пенали подобри Мал Ајакс
Финале : Мал Ајакс – Струга Трим Лум 1:0
Младите играчи на Мал Ајакс го искажаа сиот свој раскошен талент и со својата допадлива и пред се ефикасна игра покажаа и докажаа дека Штип е невиден расадник на таленти и дека наскоро може да очекуваме некој од овие дечки да затропа на некоја од репрезентативните селекции на Македонија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk