
Уште само три кола остануваат да се одиграат во Првата футсал лига на Македонија и со тоа да се затвори оваа сезона 2025/2026, а потоа фокусот ќе биде на новиот шампион Проект кој ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.
Прволигашите се слободни бидејќи е репрезентативен собир, а во прволигашкото друштво веќе сите работи се јасни. Проект стана шампион и до крајот ќе оди на максимален ефект и без пораз да ја заврши сезоната.
Кеги Моби и Форца ќе водат борба за второто место, за престиж. Останатите екипи како Шкупи, Бутел, Клими, Осогово и Јувентус Серава ќе играат за што повисок пласман односно борбата ќе биде за четвртото место.
Шкупи кој на полусезона беше на дното состави квалитетен тим и успеа да се издигне до четвртото место.
Теоретски да, математички во следното коло Мал Ајакс и Балкан испаѓаат во Втора лига. Овие две екипи минатата сезона водеа тешка борба за влез во елитата, Мал Ајакс по неколку сезони се врати во Прва лига, а Штип сезонава гледаше прволигашки футсал, но тоа ќе треба само една сезона, а пак дебитантот Балкан не успеа да се справи со овој предзвик и тимот се враќа назад во второлигашкото друштво.
Мал Ајакс е претпоследен со десет бодови, во игра до крајот се девет бодови, што би значело дека штипјани и да ги добијат сите три натпревари ќе имаат 19 бодови и ќе треба Јувентус Серава да ги загуби сите три натпревари што ќе биде тешко.
До крајот Мал Ајакс ќе игра со Осогово, Бутел и Форца што ќе биде тешко да се освојуваат бодови особено тешко против Бутел.
Балкан, пак, кој е на дното со девет бодови не може да се надева на било што.
Балкан до крајот ќе игра со Бутел, Форца и Јувентус Серава.
Александар Ванев, М-Нет