Мал Ајакс на врвот – штипјани сакаат влез во Прва лига, дерби на Овче Поле и Партизан Југ!

По пет одиграни кола во Втората футсал лига Мал Ајакс од Штип е на врвот од табелата со максимални пет од пет и 15 бодови на своето конто со што штипјани успешно го трасираат патот за пласман кон Првата футсал лига на стартот од сезоната.

Штипјани со млада екипа и со допадлива игра сакаат пласман на првите две места кои водат кон пласман во Првата футсал лига.

Викендот ќе се одиграат натпреварите од шесттата рунда во која штипјани ќе гостуваат кај Каршиака, дерби ќе се одигра во Свети Николе каде ќе се соочат ланскиот прволигаш Овче Поле против Партизан Југ од Брвеница.

Балкан како апсолутен фаворит ќе го пречека тимот на Кратово, струшки Енхалон на домашен терен ќе игра против тимот на прилепска Победа. СЕЕ Университи ќе се соочи со фаворитот Кораби од Дебар, додека пак Конзули ќе игра против ССК Скопје.

Во рамки на оваа коло слободен ќе биде ланскиот прволигаш Карадаку.

Александар Ванев, М-Нет