
Во три дена ќе се игра 15. коло во Втората футсал лига на Македонија. Колото ќе се отвори во сабота со два натпревари.
Енхалон на домашен терен во Струга ќе игра против тимот на Каршиака каде и двете екипи посакуваат триумф со што би имале прогрес на табелата. ССК Скопје на домашен терен ќе се обиде да изненади против Овче Поле кој ќе биде фаворит за триумф, со оглед на тоа што ланскиот прволигаш од Свети Николе има амбиции за експресно враќање во Првата лига, нема право да погреши на саботното гостување.
В недела, Кораб на домашен терен како фаворит ќе го пречека разнишаниот Кратово кој во претходното коло беше во целост декласиран и не игра според тоа што го прикажа во есенскиот дел.
Победа на домашен терен во Прилеп ќе има многу тешка задача против апсолутниот фаворит, тимот на Балкан. Гостинот има отворени амбиции и сака Прва лига уште од самиот почеток на сезоната и во зимскиот преоден рок ангажираше квалитетни засилувања, па во недела Балкан оди на голем труимф.
Лидерот Мал Ајакс во спортската сала „Коле Нехтенин“ ќе го пречека последнопласираниот Карадаку, тим кој лани испадна од Првата лига. Фаворитската улога е на страната на штипјани, кои доколку ја оправдаат истата ќе направат уште еден чекор напред на патот кон враќање во Прва лига, а Штип од следната сезона да гледа прволигашки футсал.
Колото ќе се затвори во понеделник со натпреварот во Демир Хисар каде битолски Конзули ќе го пречека тетовскиот тим СЕЕ Университи. Ова ќе биде меч каде битолчани кои забележаа серија позитивни резултати и се пробија до средината од табелата ќе сакаат уште еден триумф против тимот од Тетово. Ова ќе биде неизвесен и интересен дуел.
Слободна ќе биде екипата на Партизан Југ од Брвеница во рамки на оваа 15. коло.
Александар Ванев, М-Нет