
Во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија со младиот фудбалски стратег Александар Максимов направивме анализа на Втората фудбалска лига, кој вели дека според квалитет лигата е лоша, а притоа додава дека играта на Македонија ЃП и Брегалница е доволна за да бидат на првите две места.
Максимов вели дека Башкими е заслужено на третото место или во бараж зоната за Прва лига.
Вардарски и Борец ќе бидат пред најтежок предизвик кога е во прашање опстанокот.
Овој викенд нема второлигашки натпревари поради репрезентативната пауза, а следниот викенд ќе се одиграат натпреварите од 13. коло.
Александар Ванев, М-Нет