
Претседатело на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски, денеска беше во посета на Штип, каде оствари средба со граѓани во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Целта на посетата, како што нагласи Димитриевски, е директен разговор со граѓаните за нивните секојдневни проблеми, предизвици и прашања со кои се соочуваат, како и изнаоѓање можности за нивно решавање.
„Денеска сме во Штип, во рамки на каравнот на движење „Знам за наша Македонија“, насловен како„Европско Знам“. За Европска иднина, за Европска Македонија. Ќе разговараме со граѓаните на Штип за сите орворени прашања, Знам во моментов е единсвената политичка партија што ќе го искористи ова работно лето, да искординира, да поразговара со граѓаните за секојневните проблем, за секојдневниот начин на живот и што тоа ние како политички субјекти кој што партиципираме во Власта можеме да придонесеме да се подобри животот на граѓаните, животониот стандард и секако да ја упатиме државата да се движи во вистинската насока а тоа е целосен процес и затварање конечно на прашањето на интегретивниот процес на Македонија во Европската Унија.“- Изјави денеска градоначалникот на општина Купаново, Максим Димитриевски
Димитревски посочи дека ваквите средби се важни за политичките субјекти да бидат поблиску до граѓаните, да ги слушнат нивните потреби и да понудат конкретни решенија.
Дајана Сандева, М-Нет