
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и Швајцарката Џил Тајхман обезбедија четвртфинале на ВТА Џелинџер 125 турнирот што се игра во Љубљана, Словенија за награден фонд од 100.000 евра.
Македонката и Швајцарката во рамки на стартното коло во двoјки ги победија сестрите Надја и Марина Колб од Украина со 2:0 во сетови за 78 минути игра.
Ѓорческа е на 213 место на ВТА листата, а пак Тајхман е на 182 место.
Во првиот беше решен на тај брејк откако резултатшт беше 6:6 се решавачки беше 13-тиот гем. На поени Ѓорческа и Тајхман имаа предност од 5:3, а потоа сестрите од Украина израмнија на 5:5, а потоа следуваше два поени за Македонката и Швајцарката за добивање на сетот од 7:5.
Во четвртфиналето Ѓорческа и Тајхман ќе се соочат со Каролина Кубанова и Анета Лабуткова од Чешка, кои пак до оваа фаза стигнаа отако со 2:1 во сетови ги совладаа Жива Фолкнер и Пиа Ловрич од Словачка.
Александар Ванев, М-Нет