Македонските тенисери Србљак и Марковски против носители во првото коло на турнирот во Куршумлијска Бања

Македонските тенисери Горазд Србљак и Обрад Марковски ќе настапуваат на уште еден турнир во Куршумлијска Бања, во Србија. Во првото коло македонските тенисери ќе играат против носителите во главниот турнир. Србљак ќе се соочи со Карло Аберто Чаниато од Италија кој е седми носител, додека пак Марковски ќе се соочи со Хајато Мацуока од Јапонија кој пак е петти носител.

Скок од 36 места на АТП листата оваа недела имаше Србљак кој сега се наоѓа на 1119. место со што имаше директно учество на турнирот, а пак Марковски место обезбеди преку квалификациите откако во првото квалификациско голо го победи србинот Јован Цирковиќ со 2:0 во сетови, а во второто квалификациско коло беше подобар од русинот Булат Галиев со 2:1, а потоа беше подобар и од Егор Горин од Русија со 2:0.

Натпреварите од првото коло на главниот турнир се играат веќе денес.

Александар Ванев, М-Нет