Започнува Втората лига: Брегалница – Победа во директен пренос на телевизија М Нет

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Викендот започнува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а фудбалските возбудувања и во новата сезона ќе може да ги следите на телевизија М Нет и спортскиот канал М Нет Спорт со што продолжува одличната соработка со Фудбалската федерација на Македонија.

Директни преноси од цела Македонија со отворени студија и гости, анализи и дебати, разговори и комплетни статистики за секој натпревар.

Веќе во првото воведно коло од новата сезона гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да го проследат соочувањето на екс прволигашите Брегалница и Победа на Градскиот стадион во Штип преку директен пренос.

Брегалница во новата сезона ќе атакува на експресно враќање во фудбалската елита на Македонија, а борбата започнува во Штип против Победа. Прилепчани минатата сезона преку бараж се спасија и го обезбедија опстанокот во Втората лига со млада екипа, која и во новата сезона ќе го носи товарот за обезбедување на опстанок многу порано со цел да не се случи ланската сезона.

Директниот пренос на телевизија М Нет од натпреварот меѓу Брегалница и Победа започнува во сабота од 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет