Македонските боксери отпатуваа на ЕП за деца што ќе се одржи во Сараево,БиХ

Македонската репрезентација во бокс замина за Сараево град кој ќе биде домакин и организатор на Европското првенство за деца. На ова првенство помеѓу останатите отпатува и нашата селекција која ја сочинуваат 6 боксери, 5 во машка конкуренција и едно девојче. Под раководство на тренерите Димитар Ташков, Мухамед Алија и Насер Харуни за Сараево заминаа и членовите на Пинк Пантер Тим од Штип, Мила Ѓоргиева и Алиџан Демиров кој имаа извонредни подготовки со тренерите Мејдин Бајрам и Ристе Грбев а потпомогнати од Претседателот на клубот Илија Младеновски. Знаејќи ги условите во кои тренираат и нивните квалитети се очекува постигнување на добри резултати на ЕП во Сараево.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk