
Македонскиот шампион Шкендија ремизираше без голови (0:0) против Д Њу Сеинтс во првиот меч од воведното коло во квалификациите за Лигата на шмпионите.
Шкендија на овој натпревар беше благ фаворит, имаше и неколку шанси за погодок, свои моменти, но сепак мрежите останаа мирни и на двете страни во текот на целиот натпревар кој се играше во Велс, па така се ќе се решава во Скопје на реванш натпреварот кој на програмата е за седум дена.
Сите карти остануваат отворени за реваншот во Скопје, а за македонскиот шампион тоа ќе биде предност бидејќи ќе игра дома и ќе има идеална можност со поддршка од трибините да дојде до позитивен резултат, а со тоа и пласман во второто квалификациско коло.
Александар Ванев, М-Нет