Македонската репрезентација до 19 години подобра од БиХ во Радовиш

На Градскиот стадион во Радовиш репрезентацијата на Македонија до 19 години оствари сигурна победа од 2:0 над врсниците од Босна и Херцеговина на пријателски натпревар исполнет со голема борбеност.

Херој на мечот беше Стефан Младеновски, кој ги постигна двата погодоци. Првиот падна во 29. минута по одлична акција на Хоџа, а конечните 2:0 ги постави од пенал во 89. минута.

Вториот пријателски меч меѓу овие две селекции ќе се одигра на 6 септември на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Александар Ванев, М-Нет