Македонската женска одбојкарска репрезентација го доби распоредот за Медитеранските игри 2026 во Италија

Македонската женска одбојкарска репрезентација гo дозна распоредот во групната фаза на Медитеранските игри 2026, кој ќе се играат во Таранто, Италија.

Македонската репрезентација е во групата Б заедно со Турција, Грција, Алжир и Косово, а пак во групата А ќе бидат Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија.

Нашите одбојкарки во рамки на првиот меч ќе се соочат со Грција, меч закажан за 20 август од 17:30 часот. Ден подоцна, во истиот термин Македонија ќе игра со Турција. На 22 август од 14:30 часот ќе ги измериме силите со Алжир, додека во последното коло, на 23 август, исто така од 14:30 часот Македонија игра со Косово. Нашата реперзентација е слободна на последниот ден од групната фаза.

Според пропозициите, првите две репрезентации од секоја група на 25 август играат полуфинални натпревари, додека финалето и мечот за третото место во женска конкуренција се играат на 27 август.

Делегацијата за Таранто патува на 18 август, а ден подоцна ќе го одработи и официјалниот тренинг пред да започне со настап на Медитеранските игри во Италија.

Македонските одбојкарки вторпат во репрезентативната историја ќе настапат на Медитеранските игри, кои официјално ќе бидат отворени на 21 август на стадионот „Еразмо“ во италијанскиот град Таранто и ќе траат до 3 септември.

Александар Ванев, М-Нет