Македонија ЃП со минимална победа над Брера

фото: ФК Македонија Ѓорче Петров

Македонија ЃП забележа победа од минимални 1:0 над Брера Струмица во воведниот меч од 9. коло во ПМФЛ.

Единствен стелец во Ѓорче беше Јован Попзлатанов кој стрелаше во 44. минута.

Колото се комплетира утре. Во Штип играа Брегалница и Вардар, во Кратово екипите на Силекс и Воска Спорт, Работнички ќе го пречека Тиквеш, на Чаир се игра дербито меѓу Шкупи и шампионот Струга Трим Лум, а дерби се игра и меѓу Гостивар и Шкендија.