
Македонија Ѓорче Петров официјално се засили со бекот Андреј Јаго. Се работи за 25-годишен Бразилец кој настапува во дефанзивата, како лев бек или стопер и од Бразил.
Во редовите на „лавовите“ доаѓа од екипата на Гремио Еспортиво Ларањеирас за која настапуваше во есенската полусезона и е прво зимско засилување за Македонија ЃП.
Во следните денови треба да биде промовиран и хрватскиот напаѓач Марко Шимиќ.