Македонија убедлива против Ерменија на пријателската во Струмица

Македонија славеше со 3:1 против Ерменија на контролниот натпревар против Ерменија во Струмица.

Македонија со голот на Александар Трајковски на полувреме водеше со 1:0.

Во вториот дел Милан Ристовски во 59. минута и Ердон Даци во 88. минута од мечот погодија за Македонија. Стрелец за Ерменците беше Едуард Сперцијан во судиското продолжение кој погоди од слободен удар за конечни 3:1.