
Македонската фудбалска репрезентација во полуфиналето ќе се соочи со Данска, така посака ждрепката.
Македонија ќе мора да ја добие Данска во полуфиналето, а потоа билет за Светското првенство кое се игра во САД, Канада и Мексико ќе мора да бара со победа против Чешка или Ирска.
Македонија со Данска ќе игра во гости, а ждрепката посака дури и доколку се пласираме во финалето, одново да играме на гостински терен.
Полуфиналето ќе се игра на 26 март, а пак финалето е закажано за 31 март.
Александар Ванев, М-Нет