Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи

По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот.

За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи.

Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот.

Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!

Текстот Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи е превземен од МАКФАКС.