
Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за групата фаза на Светското првенство кое ќе се игра во Германија. Македонија ќе биде сместена во група со Исланд, Бахреин и Јапонија, а мечевите ќе се играат во Магдебург.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаат интересна група во која може да се избори место за главната фаза. Од четири репрезентации во групата три поминуваат во главната фаза, а пак последнопласираната репрезентација ќе игра во претседателскиот Куп.
Доколку ракометна Македонија ја помине групата односно обезбедат место во главната фаза ќе вкрстат со репрезентациите од групата Г, каде се наоѓаат репрезентациите на Данска, Словенија, САД и Ангола.
Во однос на самиот распоред првиот меч го играме на 15 јануари против Јапонија, два дена подоцна односно на 17 јануари играме против Бахреин, а пак на 19 јануари Македонија ќе игра против репрезентацијата на Исланд.
Александар Ванев, М-Нет