Каков ќе биде системот на натпреварување во Прва лига, колку екипи ќе испаѓаат директно во Втора лига?

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе стартува на 25 јули, со четирикружен систем на натпреварување, со десет екипи и 36 кола. Две екипи помалку од минатата сезона, но со три кола повеќе.

Според предвидениот систем за натпреварување последните две екипи односно десеттопласираната и деветтопласираното екипа ќе испаднат директно во Втора лига, а пак осмопласираната екипа ќе игра бараж за опстанок во Прва лига против третопласираниот второлигаш.

Во Првата македонска фудбалска лига ќе играат екипите на Брегалница, Вардар, Башкими, Силекс, Шкендија, Тиквеш, Скопје, Струга, Арсими и дебитантот Шкендија Арачиново.

Конкуренцијата за опстанок ќе биде силна со оглед на тоа што ќе се натпреваруваат десет екипи, а ќе испаѓаат две директно, а една бараж, но ќе биде тешко и во борбата за титулата која ја брани Вардар и излезот во Европа.

Александар Ванев, М-Нет