
Македонската ракометна репрезентација загуби од Словенија во рамки на квалификациите за Европското првенство кое се игра во 2026 година со шест гола разлика односно 26:32 во Скопје.
Со одлично прво и лошо второ полувреме избраниците на селекторот Кирил Лазаров го забележаа вториот пораз во групата.
Македонија тргна одлично имаше предност и од плус шест кога резултатот беше 10:4, како и при 11:5, но Словенија ја стопи предноста на Македонија и дојде до негатива од само еден гол на полувреме од 16:15.
Во вториот дел при 18:18 Словенците го свртеа резултатот во нивна полза и предноста постојатно се зголемуваше, па така дојдоа до плус пет при 22:27, а потоа и при 25:30, а мечот во Скопје го добија со 26:32.
Најдобар стрелец за репрезентацијата на Македонија беше Филип Кузмановски со десет гола, а пак Марко Митев постигна пет гола, додека пак кај Словенија најдобар беше Алекс Влах со десет погодоци, а Блаж Јанц имаше седум реализации. Но, на натпреварот во Скопје се истакна и голманот на Словенија, Јоже Базник кој имаше 12 одбрани во клучни моменти кога беше најмногу потребно.
Следен натпревар за Македонија ќе биде на 16. март против Словенија во гости.
Во нашата група Словенија има три од три и максимални 6 бодови, Литванија е втора со четири бодови, Македонија е трета со два бода, има победа над Естонија и порази од Литванија и Словенија, а токму Естонија е последна во нашата група без бодови.
Александар Ванев, М-Нет