
Вечерва македонската фудбалска репрезентација го има третиот меч од Лига на нации, во Скопје гостува Шкотска, дуел за излез од резултатската криза на Македонија, но и на Шкотска.
Овие две репрезентации имаат четири меѓусебни дуели, сите во квалификации за Светско првенство. Првото соочување беше во Скопје на 6 септември 2008 година, кога Македонија славеше со минимални 1:0, а потоа следуваше победа за Шкотска од 2:0 на 5 септември 2009 година.
Во третиот дуел на двете репрезентации нема победник, откако на 11 септември 2012 година Шкотска и Македонија одиграа 1:1, додека пак на 10 септември 2013 година репрезентацијата на Шкотска славеше во Скопје со резултат од 1:2.
Во однос петте последни средби на двете репрезентации, ќе се бара излез од резултатската криза. Македонија има две ремија и три последователни порази со девет примени и ниту еден постигнат гол, а пак Шкотска има една победа, три проази и едно реми со учинок од седум примени и еден постигнат гол.
Македонија вечерва гледа идеална шанса за да стави крај на резултатската криза и да забележи победа по повеќе од една година.
Натпреварот меѓу Македонија и Шкотска се игра вечерва на Националната арена во Скопје од 20:45 часот.
Александар Ванев, М-Нет