
Македонската фудбалска репрезентација е во форма во каква не била никогаш, одлична серија на резултати. На последните 10 натпревари Македонија има седум победи и три реми натпревари, без ниту еден пораз со ефикасен напад кој дал 16 погодоци и одлична одбрана која примила само три погодоци на овие десет меча.
Македонија на 7 септември 2024 година ремизираше со Фарски Острови играјќи 1:1, а потоа започна неверојатната серија на победи од шест победи во низа, откако Македонија славеше над Ерменија со 2:0, над Латвија со 0:3, нова победа над Ерменија со 0:2, потоа минимална победа од 1:0 против Латвија и Фарски Острови.
Победничката серија продолжи и во 2025 година кога со 0:3 славевме на Лихтештајн, а потоа следуваа две ремија против Велс и Белгија од идентични 1:1, а пак момците на Благоја Милевски забележаа победа на најдалечното гостување во историјата во Астана од 0:1 над Казахстан.
Македонија е на добар пат да обезбеди пласман на Светското првенство 2025, нашата репрезентација по јунскиот циклус е на првото место во групата, а до крајот ја очекува соочување дома со Лихтештајн, во гости со Белгија, дома со Казахстан и квалификациите ги затвараме со Велс на гостински терен на 18 ноември.
Александар Ванев, М-Нет