Македонија загуби од Турција во Истанбул, Седлоски: Одговорноста за поразот е моја, мора да учиме од грешките

Македонската фудбалска репрезентација загуби на пријателскиот натпревар од Турција со резултат од 4:0, кој се одигра во Истанбул.

Турците се покажаа во подобро издание во текот на целиот меч, а резултатот беше отворен рано преку гол на Оркун Кокчу. Следуваше обид за македонската репрезентација преку Јани Атанасов, но неговиот удар заврши покрај стативата. Џан Узун погоди за 2:0 на полувреме.

Македонија имаше зрела шанса преку одлична акција на Елмас и Миовски, но левиот бек беше шутираше одблиску, а Алтај Бајиндир имаше одлична интервенција.

Во 53. минута Дениз Гул погоди за 3:0, а конечниот резултат од 4:0 го постави Јилмаз.

Селекторот на македонската репрезентација Гоце Седлоски истакна дека ја презема одговорноста за поразот и истакна дека ваквите натпревари треба да послужат како важна лекција за националниот тим.

Седлоски им честиташе на Турците за заслужената победа, вели дека Турција е одлична селекција со голем број квалитетни фудбалери. Седлоски вели дека одговорноста за поразот е негова, бидејќи како што вели тој ги носи одлуките и го составува тимот. Селекторот на сите играчи им даде можност да настапат, а како што вели од вакваите средби мора да се извлечат поуки.

Седлоски го коментираше и моментот што на четири средби во низа Македонија нема постигнато гол, вели дека работат на подобрување на тој сегмент. Според селекторот се создава нов тим и за дел од фудбалерите ова е ново искуство.

Македонија претходно одигра 0:0 против Босна и Херцеговина во Сараево.

Александар Ванев, М-Нет