
Утре на Градскиот стадион во Штип ќе биде одигран вториот контролен дуел помеѓу селекциите на Македонија и Словачка до 18 години.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа убедливо поразени во првиот контролен дуел (1:5), во меч каде селекцијата на Словачка одигра извонреден натпревар, во текот на сите 90 минути беше подобар противник и сосема заслужено се радуваше на убедлива победа.
Главен судија на утрешниот дуел меѓу Македонија и Словачка до 18 години ќе биде штипскиот судија Дарко Стојанов, додека пак Богданчо Ѓеоргиев и Петар Михаилов од Кочани ќе бидат помошници на Стојанов. За четврт судија е делегиран Спире Арсов, исто така од Кочани.
Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.
