Македонија до 17 ремизираше без голови против Грузија во Тбилиси

Македонската репрезентација до 17 години одигра без голови, 0:0, на првиот контролен натпревар против Грузија одигран во Тбилиси. Избраниците на селекторот Влатко Колев ја имаа најдобрата можност за победа во самиот финиш на средбата. Во 88. минута, по удар со глава на Андреј Цветковски, топката беше исфрлена од самата гол-линија од страна на домашните фудбалери, со што остана почетниот резултат.

Двете репрезентации на 26. февруари ќе го одиграат вториот контролен натпрвар. Македонската репрезентација до 17 години се подготвува за квалификациска фаза од Елитна рунда за пласман на Европско првенство. За место на континенталниот шампионат ќе се соочи со Германија, Франција и Словенија. Турнирот ќе се одигра кон крајот на март, а пласман во завршницата обезбедува само освојувачот на првата позиција.

Завршницата на Европското првенство ќе се одржи од 25 мај до седми јуни следната година, а домаќин е Естонија.