Македонија до 16 години: Пораз од Србија на турнирот во Подгорица

Репрезентацијата на Македонија до 16 години со пораз го започна развојниот турнир во Подгорица, Црна Гора. 

Нашата млада селекција денеска загуби од Србија со 2:0. 

Во меч во кој противникот, но и ние имавме свои одлични моменти, Србија ги искористи своите шанси, а нас ни недостасуваше спортска среќа да се радуваме на погодок.

На два пати го погодивме дирекот од голот на противникот преку Амети и Лука Георгиевски, додека шанси не искористија Петковски, Ракипи, Исламовиќ.

Следен дуел на нашата репрезентација е против Словачка во петок.