
Шкендија е нов шампион на Македонија откако денес со 2:1 славеше над Работнички, па така тимот од Тетово ја освојува својата петта титула во клупската историја.
Првата титула Шкендија ја има освоен во 2011 година, а потоа освојуваше титули во 2018, 2019 и 2021 година.
Титулата е обезбедена на две кола до крајот, а пак Тиквеш обезбеди опстанок во ПМФЛ откако ја доби Беса со 1:0.
Екипата на Брера со 4:3 славеше на домашен терен во Струмица над Шкупи и запиша многу важна победа во трката за директен опстанок.
Денес Силекс одмараше бидејќи требаше да игра со Гостивар, а пак Пелистер исто така одмараше бидејќи требаше да игра со Воска.
Вчера во воведниот натпревар Вардар и Струга ремизираа без голови.
Александар Ванев, М-Нет