Магданос, целер и нане – здрави растенија од дворот на Тошо Данилов од кочански Чифлик

Магдонос, целер и нане – растенија полни со витамини достпани на пазарот во Штип. Данилов Тошо ги произведува во дворот во кочански Чифлик и вели луѓето му веруваат на квалитетот и купуваат. Не се скапи, а се здрави па токму затоа и се бараат.

„Земаат, јас сум овде постојано, нането е многу убаво и здраво е, лековито, не е прскано со ништо. Нането е од кочански Чифлик. Има и целер и магдонос. Тие се многу здрави работи за стомак, за разни болести. Цената е 20 денари топче.“ – вели Данилов.

Успеваат на чисти места и бараат многу вода. Кочанското поднебје ги има условите за овие билки и затоа им се достапни на граѓаните. Се користат како чаеви, за салати и во јадење.

„Потребно е да не се ѓубре со ништо, да биде чисто. Моето успева во мојот двор. Јас го користам најмногу за салата.“ – додава Данилов.

Нането е ароматично, најчесто повеќе годишно растение, Чајот од далечни времиња се употребува за нелагодности и болки во стомакот. Листовите од нането имаат доста ниска калориска вредност. Свежите листови од нане содржат незначителни количества протеини, масти и нешто повеќе јаглехидрати (половината од нив се од растителни влакна). а Од магдоносот пак се користат две форми во исхраната: оној со извиткани листови и италијанскиот (или рамнолисен магдонос P. neapolitanum). Магдоносот со извиткани листови често се користи како гарнир, додека Рамнолисниот магдонос има појак вкус, што доаѓа од повисоката количина на етерични масла.

Лаура Стојанова М-Нет