М Нет тренер на 2. коло Втора лига: Јане Николоски тренер на Победа

ФОТО: Александар Ванев, телевизија М Нет

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 2. коло од Втората македонска фудбалска лига, а во избор на телевизија М Нет тренер на второто коло е Јане Николоски, шефот на стручниот штаб на Победа.

Младата екипа на Победа го забележа најубедливиот триумф во рамки на втората рунда откако на домашен терен со 5:0 го декласираше Борец, во меч на тотална доминација на прилепчани. Одлична игра и добра тактичка поставеност и „петарда“ на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп што го прави искусниот стратег Јане Николоски тренер на 2. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Победа максимално мотивирана во следното трето коло ќе патува во Ѓорче каде ќе се соочи со ланскиот прволигаш Македонија ЃП, додека пак Борец со два порази во низа на домашен терен против Новаци ќе бара први бодови како повратник во Втората лига, бидејќи со нов негативен резултат ќе треба да се вклучи црвениот аларм во Велес.

Александар Ванев, М-Нет