Јанакиевски: Жал ми е што некој си поигра со трудот на еден цел клуб при директен пренос и пред 3000 луѓе на стадионот!

ФОТО: Александар Ванев, телевизија М Нет

По поразот на Башкими од Македонија ЃП во Куманово од 1:2, натпревар од 2. коло од Втората лига кој можевте да го следите само на телевизија М Нет, со изјава реагираше тренерот на Башкими, Блаже Јанакиевски, кој ексклузивно за М Нет вели дека му е жал што некој си поиграл со трудот на еден цел клуб при директен пренос и пред 3000 луѓе.

„Сакам да ги поздравам моите играчи за прикажаното на натпреварот и сум горд на нив. Благодарам на публиката што не бодреше и дојде во голем број. За судењето не сакам да коментирам, снимките говорат повеќе од јасно! Жал ми е што некој си поигра со трудот на еден цел клуб при директен пренос и пред 3000 луѓе на стадионот. Ние ќе се бориме да ги оствариме нашите цели до последниот атом од силите“, вели Јанакиевски во ексклузивна изјава за М Нет.

Овој натпревар можевте да го следите ексклузивно само на телевизија М Нет, а на кој Македонија ЃП триумфираше со 1:2.

Александар Ванев, М-Нет