Лубеница, леб и сирење, најслаткото јадење во минатото, колку се јаде и денес?

Лубеница, леб и сирење едно од највкусните јадења во минатото, но за некои и денес. Секое залче за душата се лепи, велат анкетираните штипјани кои посочиа дека лубеница или грозје со леб и сирење е највкусното нешто за нив. Многу други комбинации од благо и солено биле омилените во минатото, а штипјани со насмевка на лицето ги посочиад. Дел од јадењата беа и леб и сол, пинџури, леб со маст и буковец, но сеуште постојат како избор комнбинација за јадење.

“Е тавче гравче, убаво јадење, па повеќе правевме пинџури со патлицани, пиперки ставеш или суви пиперки ги направеш па со суви пиперки. Еј супер беше да ти кажам убавина, сега е се вештачко. Беше најслатко кога јадеш лубеница, леб и срење на душата ти се залепуваше. Ретко некој, а не ни верувам за младите, ние старите апнеме. Јас сум јадел и леб со маст намачкано и црвен пипер одозгоре беше убавина.”, истакнаа граѓаните

“Леб и лубеница со сирење. Младите кога им дадеш бендисат, инаку ние постарите тоа редовно го користеме. Епа сега на времето толку лути и пот течеше од нас, а сега мора малјку да припаземе на лутината. Тие старите што беа на свадба подарок голем беше ако кумот ти донесе тава калаисана како подарок свадбен.”, додаваат граѓаните

“Па пипер лут спржен со сиренце, грозје, може и лубеница. Па има буковец, сол си макнеш нели тоа си е зачинето и си апнеш тоа мед ти се учине.”, додаваат граѓаните

Многу слатко јадење, но пиперката и доматот може да се искористат во секое јадење соогласни штипјани, кои велат дека слатките работи од минатото сеуште се консумираат но од страна на повозрасните граѓани. Но има и млади кои ги консумираат овие вкусни јадења кога ќе се приготват на традионален начин во калајсана тава.

Лаура Стојанова, М-Нет