Лошите временски услови го одложија стартот на „Малеш Куп“ – одигран само еден натпревар за убедлива победа на Еклектик

Лошите временски услови не дозволија одигурвање на предвидените четири натпревари од првата вечер на ноќниот турнир во мал фудбал „Малеш Куп“ во Берово.

Поради лошите временски услови беше одигран само воведниот прв натпревар, а потоа беа одложени останатите три натпревари, но и целокупната предвидена програма за првата вечер.

Во единствениот одигран натпревар вечерва екипата на Еклектик со убедливи 5:0 ја декласираше екипата на Рефреш Кафе & Гостилница Гаго.

Останатите три натпревари кои требаше да се одиграат вечерва се одлагаат и истите ќе бидат одиграни во нов термин, кој ќе биде соопштен од страна на организаторот.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан во Берово.