
Синоќешните три натпревари понудија нова фудбалска магија, доза неизвесност и многу погодоци на турнирот во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта.
Во првиот натпревар кој започна во 20:30 часот екипите на Кафе Бар 9 и Враништа ремизираа играјќи 1:1. Вториот меч кој стартуваче час подоцна Св. Троица 2021 убедливо беше поразена од Хотел Амбасадор со 0:4. Во 22:30 часот Пекара Лихнида ја доби екипата на Игор Бенд Бушиноски со 4:1.
Вечерва во 20:30 часот ФК Слатино и Волино ќе имаат свое соочување, во 21:30 часот Брумел – против БЗ Груп Ложани, а во последниот натпребае од 22:30 часот Вис Пој ќе игра против Гостилница Кај Мече.
Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.
