
Реактивирање на локалните економски социјални совети со вклучување на невладини организации во кои аплицира и организацијата „Гласен Текстилец“ беше една од целните активности на вториот ден од четвртата Текстијијадата во Штип. Присутните во големата општинска сала развија дискусии за повеке сегменти кои ги тангираат локалните политики. На дебатата помегу представниците на синдикатот, образованието, сопствениците на текстилните фирми, локалната самуправа како и високиот представник на Мегународнта организација на трудот, Емил Крстановски се слушнаа конкретни предлози и решенија за детектираните локални проблеми со кои со години се соочува штипското стопанство, особено носечката текстилна дејност. Нема доволна кординација помегу националната стратегија на државата и локалните реални потреби, констатираа представниците од Битола , Гостивар, Тетово и Струга. Секој од овие градови поактивно делува во насока на реактивирање на локалниот еконосмки развој , за разлика од нив Штип заостанува во дијагностицирањето на конкретните приоритени локални потреби. Споменатите општини во последните години за реален приказ на состојбата активност во која припомагаат невладините организации , синдикатот и државната и општинската администрација имаа пракса да издвојуваат средства од локалните буџети. Дали Штип конечно ке се реактивира во овој сегмент, ќе изнајде правилен начин да ги лоцира приоритетните проблеми за решавање што ке значи и полесен живот на граганите? Дали ќе се издвојат локално буџетски средства за дијагноза на најактуелните проблеми во градот според в.д градоначалникот Јане Миланов, не е толку значајно бидејки поголем бил проблемот во вистинското заживување на дијалогот помегу сопствениците на текстилни фабрики, синдикатот и се пообесправените работници.
Во рамките на четвртата „Текстилијада“, утре ќе биде откриено уметничкото дело на вајарот Андреј Митевски а на дебатата за „Работничките права за време на корона“, се очекува да присувствува како почестен гостин г-н Стево Пендаровски Председател на РСМакедонија. Директни одговори на прашањата за работничките права и нивна доследна имплеменбтација ќе се бараат и од министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јагода Шахпаска.
Маре Стојилова М нет
Дарко Лазев М нет