
Синдикалното организирање на текстилните работници во Штип е изненадувачки слабо, беше констатирано денес на панел дискусијата помегу представници на сопственици на текстилни фирми, Меѓународната организација на трудот, локалната самоуправа и текстилните работници. Синдикатот на текстилните работници има мало членство а интересот за членување во истиот е незабележителен. Дали станува збор за недоверба на работниците во оваа институција чија смисла на постење е заштита на нивните права или пак конфекционерите се плашат од сопствените газди немаат конкретен одговор членовите на синдикатот. Од друга страна пак сопствениците на штипските конфекциски фирми се на став дека текстилната индустрија во Штип е во катастрофално лоша состојба. Тоа се должи на повеќе фактори, немање Национална стратегија за развој на македонското стопанство. Занемарен текстилен сектор во последните 30 години, како и несодветен и недоволно едуциран образовен кадар во градот на текстилот кој има текстилно училиште со најмала бројка на ученици кои ја изучуваат текстилната струка. Текстилната индустрија е се понерентабилна гранка, работниците можеби се во право кога им се загрозени нивните права, но се чини дека и правата на сопствениците на текстилните фирми им се ускратени.
Членовите на текстилниот кластер немаат детални податоци колку од вкупно 80 текстилни компании во Штип се банкротирани и колку од вкупно 8000 работници се останати без работа во овој период на корона. Во прилог на еродирањето на овој стопански сектор е и реакцијата на сопствениците на текстилните компании кои се изјаснија дека пред две години донесените владини мерки се покажале како нефер и нестимулативни во процесот на рентабилност.
Маре Стојилова М нет
Дарко Лазев М нет