
Се уште не може со сигурност да се потврди дали на локалитетот Кале кај селото Крупиште се напишани дел од буквите од глаголицата, ама според последните истражувања на Блага Алексова пред 39 години, но и од пред две години на штипските археолози се потврдува дека овде писменоста постоела. Каменот на кој се испишани букви од глаголицата е во депото на штипскиот Музеј, кој чека конзервација.
„Ние пред две години истражувавме и ги пронајдовме опние докази дека неколку букви се напишани на камен. Има и проект збидејќи е специфично за овие краишта“ – вели Штрејов.
Штипскиот музеј има проект како овој локалитет кој се простира на површина од осум хектари да биде достапен за туристите, но ќе почека подобри времиња. Пари освен од ресорното министерство ќе се бараат и фондации. Месното население сведочи дека туристи доаѓаат, но без соодветна сигнализација тешко може да се најде и да се пристигне до него, бидејќи се наоѓа во поле со оризни ниви.
„Значи се повеќе од десетина цркви во мал простор. Во овој моммент ние и да сакаме да презентираме не можеме оти тоа се оризови полиња. Но, мислам дека презентација ќе има и значењето ќе биде поголемо.“ – додава Штерјов.
Во меѓувреме во штипскиот музеј се отвори изложба на 30 црковни книгуи стари и по неколку века кои се достапни за граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет