Линијата од село Радање до центарот на Штип една од најкористените, се проширува јавниот первоз

Два нови автобуси ќе бидат набавени во наредниот период со што ќе се прошират термините и линиите на општинскиот линиски превоз во Штип. Ќе се работи и на зголемување на соработката со Општина Карбинци, вели директорот, Панче Стефановски. Ова следува откако јавниот превоз во Штип станува се почесто користен од страна на граѓаните, а една од најкористените линии е од село Радање до центарот на Штип.

„Планираме развој на општинскиот линиски превоз, зголемување на линиите и термините, како и зголемување на меѓуопштинската соработка со Општина Карбинци. Можам да кажам со задоволство дека и другите линии се доста посетувани, особено линијата до село Радање.“ – вели Стефановски.

Во периодот кој следи ќе се отвори нова линија од Штип до село Балван, а линии ќе има и до подплачковичките села. На тој начин жителите од Општина Карбинци побрзо и поевтино ќе може да дојат до градот. Согласно ова ќе се продлабочи и соработката со Општина Карбинци. Моментално линија има до село Аргулица и до Радање. Во меѓувреме расте интересот за месечни и годишни билети за разлика од претходно кога се купуваа најчесто дневните билети.

„Во следниот период ќе ги зголемиме линиите до село Балван и до плачковичките села.“ – додава Стефановски.

Градски превоз во Штип има до сите до сите приградски штипски населби, неколкупати во текот на денот. Автобуси има и до Општина Карбинци со цел граѓаните полесно и побрзо да ги извршуваат своите обврски.

Лаура Стојанова М-Нет