Осветен просторот на Фолклорниот ансамбал „Осоговски извори“ Оризари

Фолклорниот ансамбал „Осоговски извори“ е формиран во далечната 1972 година од страна на браќа Стојанови. Благодарение на нив традицијата продолжува и денес. За таа цел се отворени нови простории на фолклорот. Од особена чест е присуството на гости од повеќе фолклорни институти од државата.

„Овде сме собрани за една многу убава работа отварање на просториите на фолклорниот ансамбал „Осоговски извор“ Не верував дека за толку кратко време ќе се заврше толку ногу голема работа. Луѓе кои што се од институт за фолклор, моментално денеска и дојдеа гости од Прилеп, од институт за фолклор Скопје, тоа е ногу голема чест за нас заради тоа што има нешто па луѓето не поштуват и сакат“ вели Сотилов

Ансамблот со одржување на проби ќе започне во понеделник со почеток од 19:00 часот во просториите во Домот на културата, за таа цел се повикани сите љубители на фолклорот да се придружат и да станат дел од фолклорниот ансамбал „Осоговски извори“

„Соберени за такви убави работи тоа ќе го направиме и добредојдени се секогап сите и секој понеделник ќе имаме проби у ансамбало на Оризари тука во Домот на културата во салата во 19:00 часот. Добредојдени се секакви членови од најмали до најголеми.“ посочи Стоилов

Понатаму ансамбалот продолжува со концертите и настапите како во Македонија така и надвор од неа, се со цел да се продолжи и негува традицијата на македонските песни и ора

Лаура Стојанова, М-Нет