Летен пинџур со пржена пиперка и домат – евтино, брзо и највкусно летно јадење

Сезоната на пинџур со пржена пиперка и домат е во полн ек, а граѓаните на штипскиот пазар купуваат во поголеми количини. Велат – евтино, квалитетно и многу здраво. Ова едноставно летно јадење се подготвува брзо и се јаде со мерак. Најчесто се служи со сирење, кое го дополнува вкусот и го прави уште поубав

Иако за голем број граѓани, цените се достапни, за дел останаа високи. Тие велат пинџур нема да прават и ќе чекаат дополнотно поевтинување на цените на доматот и пиперките.

Инаку, граѓаните пинџурот го подготвуваат во неколу варијанти, едни велат повкусен е пржен, други велат кога пиперките и доматот ќе се испечат и ќе се полијат со загреан зејтин. И едната и другата варијанта, децидни оти се подгтовуваат и денеска.

Иван Митев, М-Нет