Левица Штип орханизира крводарителска акција во недела во периодот од 10 до 14 часот

Крводарителска акција организира Локалниот огранок на Левица Штип по повод 17 март ден на крводарителство. Крводарителската акција е закажана за во недела во периодот од 10 до 14 часот. Крв може да даруваат сите граѓани на Штип, хумани луѓе кои се во можност да спасат човечки живот. Акцијата е во соработка со Трансфузиона медицина Штип.

„По повод 17 март денот на македонското крводарителство Локланиот огранок на Левица Штип организира крводарителска акција која ќе се одржи во недела 16 март во периодот од 10 до 14 часот овде во канцеларијата на Левица. Бидејќи оваа крводарителска акција е од отворен карактер во оваа прилика ги поканувам сите штипјани, хумани луѓе, добронамерници да ни се придружат кон оваа акицја и заеднички да дадеме еден мал придонес кон овој значаен ден“ – вели Михајловски.

Ова е воопшто прва крводарителска акција која се организира од страна на Локалниот огранок Левица Штип. Тенденција е вакви акции да се органзиираат почесто со цел да се дарува крв и да се помогне да се спаси нечии човечки живот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет