
Денес Сојузот на училишен спорт на град Штип е домаќин на Државното првенство во борење слободен стил за сите основин училишта од Македонија. Во спортската сала на ООУ „Тошо Арсов“ во Штип учествуваат над 150 натпреварувачи во машка и женска конкуренција.
„Денеска Штип е домаќин на Државното првенство во борење каде што учествуваат сите основни школи во Република Македонија. Овде се присутни околу 150 натпреварувачи во машка и женска конкуренција. Исто така, денеска да го најавиме и следниот настан во понеделник каде во СОУ „Коле Нехтенин“ ќе бидат отворени по вторпат Пролетните денови на училишниот спорт“, вели Претседателот на Сојузот на училишен спорт на Штип, Зоран Арсов за М Нет.
Овој настан се организира заедно со Федерација на училишен спорт на Македонија.
„Ова е едно богатство каде што преку училиштата учениците се вклучени во систем на натпревари во сите спортови. Генерално значи и основните и средните училишта имаат во текот на учебната година голем број на настани. Почнувајќи спорт во училиште, спортот во општината меѓу училиштата, има зонски натпревари, регионални, државни и меѓународни првенства“, рече Александар Туфекчиевски, претседател на Федерација на училишен спорт на Македонија.
Штип е еден од градовите каде борењето има голема традиција.
„Борењето бидејќи е актуелно денес во Штип, Штип е со отворена душа и срце, не е првпат домаќин, овде сме имале многу спортски натпревари во многу спортови биле домаќини и на гимназијада каде се учествувало и борењето на некој начин добива враќање од минатото каде број еден беше борењето, кое се враќа на едно повисоко ниво. Преку училишниот спорт ние децата ги анимираме да го засакаат борењето“, додава Туфекчиевски.
Ваквите настани ги поддржува и боречката федерација на Македонија, истакна претседателот Богданов.
„Овој настан има големо значење за целиот спорт, а особено за борењето. Бидејќи денеска ќе видиме едни млади таленти, почетници кои го одбрале овој спорт, борењето. Од оваа училишно првенство започнале 99% сите спортисти во борењето затоа јас како претседател овој натпревар го поддржувам бидејќи очекувам дека од овој настан ќе имаме доста таленти кои ќе се приклучат на боречкото семејство“, рече Дејан Богданов, претседател на боречка федерација.
Министерството за спорт ќе го има приматот на училишниот спорт и ќе продолжи да ги поддржува програмите.
„Денес сме на настанот Државно првенство во борење во Штип и ние како министерство за спорт секогаш приматот на училишниот спорт ќе го има во министерството за спорт ќе продолжуваме да ги поддржуваме програмите и се надевам така и со сите учесниците и во федерацијата на училишниот спорт се договараме нели спортовите да се прошируваат и да имаат поголема застапеност во програмата на училишен спорт. Се надевам дека наредната година ќе имаме се поголема масовност и се повеќе учесници“, изјави за М Нет телевизија, Гордана Цветковска Бошеска, посебен советник на министерот за спорт.
Штип уште еднаш потврдува дека е спортски град, а денес се покажа и како добар домаќин.
Александар Ванев, М-Нет