
Минатата сезона шампион во Првата футсал лига на Македонија беше екипата на Форца од Куманово, а најдобар стрелец беше искусниот Зоран Левески играчот токму на шампионот Форца, со постигнати 40 погодоци со што го прави да биде убедливо најдобар стрелец во Првата футсал лига на Македонија.
На второто место на листата на стрелци е Петар Левков од екипата на Кеги Моби од Велес, а штипјанецот постигна 26 погодоци.
На делба на третото место со по 20 постигнати погодоци во Првата футсал лига се Мартин Никовиќ од Клими и Драган Петровиќ од Форца. 19 погодоци постигна Иван Крстевски од Форца, а по 18 погодоци имаат Таулант Исмаили од Форца, Бразилецот Хенрике Капалонга Пратес од Шкупи и Кристијан Станојковски од Осогово од Крива Паланка.
Артан Јунузи од Шкупи и Мартин Тодоровски од Форца постигнаа по 14 погодоци, а 12 погодоци постигна Владимир Трендафиловиќ од Бутел.
Изминатата сезона во Првата футсал лига на Македонија седум играчи си постигнаа по еден автогол, а тоа значи постигнати седум автоголови изминатата сезона.
Александар Ванев, М-Нет