
Лебот и белите пецива се очекува да поскапат од 3 до 5 денари од септември, поради повисоките трошоци за енергенси, репроматеријали и амбалажа. Штипските пекари велат дека во тој случај еден просечен доручек со бурек и јогурт би чинел околу 110 денари. Тие додаваат дека досега успевале да ги задржат цените со залихите што ги имаат купено по стара цена. Но, со нивното трошење и евентуално ново поскапување на репроматеријалите, најавуваат дека ќе мора да ги зголемат цените.
,,Значи неминовно е да оди цената нагоре со некои 3 до 5 денари, зборувам по пециво. Како ќе биде од септември ќе видиме. Највероватно ќе се оди со благо покачување од 3 до 5 денари по пециво, меѓутоа ќе видиме состојбата како ќе биде. Ние може би ќе издржиме и септември, меѓутоа ќе мораме да реагираме. Бидејќи и енергенсите се веќе поскапени поодамна, некако тоа ќе го ископензираме со залихите, што ги имаме на брашно и други материјали по стара цена што ги имаме набавено. Ќе видиме како тие ќе реагираат, дали ќе имаме покачување на репроматеријалите, веќе имаме покачување на пакувањето “, рече Малинов
Во тој случај, штипскиот пекар Николче Малинов вели дека бурекот со урда ќе чини околи 75 денари, додека пица бурекот или бурекот со месо, малку повеќе.
,,Значи ако се поскапи за 5 денари, ќе биде околу 75 денари, во зависност од кој пекари го праваат колку го продаваат. Еден просечен доручок ќе чини некаде од 90 до 100 денари. Ако е пица бурек или бурек со месо, тоа е малку поскапо, па ќе биде од 105 до 110 денари.“, додаваат Малинов
Колку точно ќе поскапат лебот и белите пецива, ќе се знае наскоро. Пекарите велат дека ќе ги следат цените на брашното и останатите материјали, по што ќе ги донесат и новите цени.
Иван Митев, М-Нет