Лебот во државата за пет години поскап за 65%, од пекарите велат цената е во согласно со примањата и трошоците

Драстично покачување на цената на лебот во европските држави во последните пет години, покажуваат статистичките податоци на Еуростат. Според нив Македонија се наоѓа на третото место. Повеќе порасанала цената на лебот само во Унгарија со поскапување од 113%, втора е Полса со 75%, па Македонија каде лебот поскапел за 65%. Но, според произведувачите на леб и бели пецива сегашната цена на лебот во државата е согласно примањата и трошоците кои ги имаме.

„Статистички ако земеме, пред 10 години лебот беше околу 20 денари. Сега е од 30 до 33 денари. Тоа значи дека има покачување. Но трошоците за производство се енормно покачени ако земеме цената на енергијата, платите. Според мене мислам дека сме тука некаде.“ – вели Малинов.

Во периодот кој следи иако има благо покачување на цената на брашното не се очекува да има ново покачување на цената на белиот леб, велат од пекарите.

„Со оглед на тоа дека е време пред жетва има некое благо покачување на цената на брашното, околу еден денар. Но ако не се покачи цената на енергенсите, нема да има покачување на цената на лебот“ – додава Малинов.

Инаку, според податоците од Еуростат, висок процент на покачување на цената на лебот во последните пет години има и во Словачка и Романија.

Лаура Стојанова М-Нет