Лажни кампањи за криптовалути на интернет, МВР апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови

Секторот за комјутерски криминал алармира за зачестена појава каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивни приватни е-маил адреси таргетираат македонски кориснции и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути посочи портпарол на МВР Гоце Андреевски.

„Кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм кои се прикаажани како информации од познати македонски портали. Во објавите се наведува дека се избришани интервјуа, затоа што Централата банка не сака да ја знаете оваа тајна и споменуваат познати личности од истите со цел поголема легитимност на објавата. Каде што е наведено дека можете да се стекнете со значителни парични средства со тргување на криптовалути а се што треба да направите е да се посети дадениот УРЛ линк.“ посочи Андреевски

УРЛ линкот односно врската води до веб-локација која претставува платформа за тргување со крипто валути, но нема официјални детали за регистрација на компанија, Не постои начин да се знае дали ова е вистинска платформа за тргување, но сите показатели укажуваат на многу сомнителна операција.

„Секторот за компјутерски криминал апелириа граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи. Да не наседнуваат на измами од ваков тип, правните субјкети да преземат соодветни мерки за заштита на нивните комјутерски системи.“ вели Андреевски

Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип.

Лаура Стојанова, М-Нет