
Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со извлекување беа одредени паровите за полуфиналето од Купот на Македонија.
Ждрепката посакада се соочат Шкупи со Тиквеш, а пак Воска Спорт со Македонија Ѓ.П. Овие екипи ќе се соочат во двомеч за место во големото финале.
Се играат два натпревари. Првиот меч од соочувањето е закажан на 3. април, додека реваншите се на програмата на 17. април од 15:00 часот.
Финалето од Купот на Македонија е закажано на 22. мај.
Александар Ванев, М-Нет