Блитва и рукола – најздравите зеленчуци достапни на тезгата на Љупчо Петров од Лакавица

Блитва е зеленчук којшто најчесто се користи во средоземната кујна. Како двегодишно растение, во првата година развива длабок и разгранет корен, кој во горниот дел е задебелен, скратено стебло и богата лисна розета. Во втората година развива разгрането цветно стебло во висина до еден метар. Блитвата се одгледува заради листот. Блитвата спаѓа во истата фамилија зеленчуци во кои спаѓаат репката и спанаќот и го делат речиси истиот вкус: доза на горчливост и малку солена нишка во листовите. И листовите и стеблата на блитвата можат да се јадат, иако листовите се помеки и нивната текстура е пофина за конузмирање, за разлика од стеблото кое може да се користи во супи или чорби.

На пазарот во Штип може да се сретне на тезгата на Љупчо Петров од село Лакавица, кој ја нуди во секое годишно време.

„Блитвата е од Лакавица, наше производство, прилично успева и летно и зимно време под фолии. Не е тешко да се произведи, праве се расад и потоа се сади, копа се, наводнува се и тоа е.“

Блитвата се одгледува заради листот. Во исхраната се користи во комбинација со различни градинарски култури. Слична е на спанаќот, или како што вели Петров подобра и од него. Блитвата е лековито и корисно растение кое претставува добар диуретик, а може да се користи и против слабокрвност.

„Сега е добра побарувачката оти ја нема доволно уште. Добра е, најчесто од неа се прави сарма.„

На тезгата на Петров во последните неколку години достапна е и руколата. Таа преставува едногодишно растение од фамилијата зелки. Се одгледува поради листот, остриот пикантнен вкус, богат со витамини. Стимулативно делува на човечкиот организам, особено на органите за варење желудник и црева,